Дара Бубамара: Некогаш јадев леб и маст, а сега имам милион евра

Српската турбофолк пејачка Дара Бубамара тврди дека во младоста јадела леб и маст, а денес има милион евра во банка, недвижнини и автомобили.
Како што пренесува „Блиц“, Дара рекла дека нејзиниот татко Зоран и мајката Милица не можеле да и дадат ниту пари за џепарлак.
“Успеав затоа што морав да се борам, ништо не ми беше дадено на послужавник. Заработив повеќе од милион евра во животот. Се сеќавам на тато ми кога му барав фустан или чевли, а тој ќе ми речеше: ‘Не може, немам пари сега, ќе ти го дадам кога ќе добијам плата’. Денешните деца се тотално различни, тие мораат веднаш да имаат се. Не јадевме во ресторани како денес, туку дома, мајка ми цело време готвеше.Ние порано јадевме леб и маст .На училишните одмори одев дома да јадам, затоа што не можеа секогаш да ми даваат за џепарлак. Но, јас сум им благодарна за сè што направија за мене. Затоа го откупив станот каде што татко ми живее од неговата компанија и го реновирав “, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

Dobar dan❤️☕️🏡. 📸 @dorotejatipsin

A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on


Таа додаде дека повеќе се дружела со момчиња.
„Игравме Германци и партизани. Можев да удрам некое момче и да избегам, но тие никогаш не ме удрија затоа што ме сакаа. Јас секогаш бев главна“, рече таа.
Таа тврди дека не била најубавата во училиштето, но секогаш била во центарот на вниманието.
“Имаше многу поубави девојќиња од мене на училиште, но момчињата најмногу ме сакаа заради мојата харизма и енергија. Јас веќе имав симпатија во градинка и за прв пат се бакнав во шесто одделение. Лесно се заљубував, па еден ден Дарко беше важен, друг ден Давор, третиот Марко … Не страдав, секогаш ми беше интересно “, рече Дара.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.