Дарко Лазиќ бесен на поранешната сопруга Ана

Пејачот Дарко Лазиќ ја обвинува својата поранешна сопруга, пејачката Ана Севиќ, што не ја видел ќерка си Лорена веќе два месеци.
Ана вели дека Дарко е виновен за лошата врска со својата ќерка затоа што тој е неодговорен.
-За што зборува? Па, јас не ја однесов ќерка ми на море два месеци, разбесна Лазиќ.
Пејачот вели дека едвај чекал да ја види ќерка си.
-Не сум ја видел за два месеци. Јас не би зборувал многу за тоа, затоа што на крајот, излегува дека јас сум лошиот. Но, мислам дека луѓето одлично гледаат каде е проблемот навистина, вели пејачот.
Дарко исто така посочува дека и дал дозвола на Ана да ја однесе ќерката во Црна Гора на одмор, но, таа не го почитувала договорот.


-Да, но таа не го почитуваше договорот. Требаше помалку време да остане, а не два месеци. Јас нема да направам сцени за тоа. Верувам дека сè ќе дојде на свое на крајот. Сега сè ми е тазе, и разводот и гневот, сеедно. За две, три години, Ана, нејзиното момче, Марина и јас ќе седнеме и заедно ќе пиеме кафе. Нормална е тензијата, тврдоглавоста и суетата да бидат присутни на почетокот , истакнува Дарко, а на прашањето дали проверува како момчето на Ана, Даниел, се однесува кон Лорена, одговара:
-Најдобро е тој да биде добар. Засега е така, мислам дека сè е супер. Се додека тој е љубезен со моето дете, јас ќе бидам и со него, завршува Лазиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.