Дарко Лазиќ имал нервен слом во болница: Донесете ми ја ќерката, мора да преживеам

Српскиот пејач Дарко Лазиќ го преплавиле емоции по повеќечасовната операција на ногата во средата. По будењето од анестезија, Дарко ја довикувал неговта ќерка Лорена, молел да му ја донесат за да ја гушне и бакне, по што лекарите морале да реагираат и да му дадат лек за смирување.
Операцијата со која на Дарко му беше вграден вештачки колк, траела шест часа и, како што пишуваат српските медиуми, била комплицирана.
Лазиќ тешко го поднел опоравувањето и доживеал емотивен крах.
-Дарко многу тешко психички го поднесува тоа што му се случува. Често го споменува своето семејство, зборува неповрзани работи, ја довикува вереницата Марина и ќерката, но вакво нешто никогаш досега не сме виделе од него. Штом се разбуди почна да ја бара Лорена. Најпрво ја молеше медицинската сестра да и се јави со видео повик за да ја види, а кога таа му објасни дека не може, почна да вика. Плачеше и вриштеше, беше ужасно. Одекнуваше во интензиваната нега. Никогаш не сум слушнала таков звук, изјави за српски „Ало“, извор од болницата.


Изворот додал дека најпрво мислеле дека пејачот има болки, но набрзо сфатиле дека станува збор за помешани емоции,
-Низ плач викаше „Донесете ми ја Лорена. Морам да ја видам. Дали таа знае дека сум во болница, како го поднесе тоа?“ Сестрата се обиде да го смири и му кажа дека семејството ќе му објасни, но него го фати паника и почна да вика „Морам што побрзо да оздравам. Морам заради мојата ќерка да бидам добро. Прашува ли таа за мене, да не ме заборавила? Ако да, јас ќе умрам, не ми треба живот“, продолжува да раскажува изворот.
Од плачењето тој се исфрлал по лицето и почнал да блада.
-Повторуваше дека ќе умре ако ќерката го заборавила, ако не се сеќава на него и почна да се гуши. Докторот веднаш дојде и му даде нешто за смирување, по што заспа. Буквално сите на одделението беа потресени. лекарите велат дека ова се случува по тешки операции, иако не често, како и дека може да биде многу непријатно за луѓето кои тоа го гледаат, вели изворот на „Ало“, а овие наводи за весникот биле потврдени и од бабата на Дарко, Милка.
Баба Милка рекла дека Дарко барал да ја види ќерката, но тие не знаеле што да прават.
-Плаче за неа, се бори да преживее само заради нејзе. Таа му е се на светот. Секоја чест за таткото и мајката, но дете е дете. Се е подобар тој, фала му на Бога. Само вака нека продолжи. Ова е најтешкиот удар кој чивек може да го доживее, детето со денови да ти лежи во болница, рекла бабата на Дарко Лазиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.