Дарко Лазиќ ја избрка бремената свршеница од дома

Српскиот пејач Дарко Лазиќ ја оставил бремената свршеница Марина Гагиќ, која е во деветтиот месец од бременоста. Марина веќе еден месец е во домот на своите родители, бидејќи Дарко соопштил дека не планира да се жени, туку само сака да го признае детето, дознава српски “Телеграф“.
Како што тврдат добро упатените нивните несогласувања почнале по неговото излегување од болница, и неговите повторни ноќни излегувања и консумирањето алкохол, од што Марина буквално излудела.
– По последната расправија Марина ги собра работите и се врати кај нејзините. Таа веќе не можеше да издржи Дарко да се враќа доцна ноќе, од забави кои му штетат на здравјето. Сто пати му кажа дека на нивното дете му е потребен здрав татко, кој ќе се грижи за нив, а не алкохоличар, вели добро упатениот извор.
За време на расправијата Дарко, кој за нецел месец треба да стане татако, и кажал да си ги собере работите и да оди дома, бидејќи секако не планира да се жени, но детето ќе го признае. Таа со солзи во очите се спакувала и заминала, додал изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.