петок, 27 ноември 2026
Најново

Дарја Ризова повторно најдобра актерка – овој пат на Фестивалот на актерот во Коњиц – БиХ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Дарја Ризова повторно најдобра актерка

На деветтиот  Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

Повеќе за претставата: https://mnt.mk/component/k2/nema-da-bide-kraj-na-svetot?Itemid=614

Поврзани вести