Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека собири на граѓани кои се спротивставуваат на блокадите се одржале на 49 места во Србија и дека според полициските проценки, присутни биле околу 33.000 луѓе. Како што рече, најголемиот број луѓе се собрале во Панчево – 4.650.
Како што пренесува Н1, Дачиќ рече дека сè поминало непречено, без ниту еден инцидент, и дека полицијата би сакала секој митинг да помине непречено.
„Ова е индикација дека ако вашите намери се добри, сè може да помине непречено“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека организаторот на собирите, Центарот за социјална стабилност, објавил дека собири против блокадите и „против запирањето на животот во Србија“ ќе се одржат во сабота од 18:30 часот на околу 80 места.
„Полицијата, фала му на Бога, денес немаше работа“, заклучи тој.



