Дачиќ: Полицијата воспостави јавен ред и мир во Ваљево, Белград и Нови Сад

Еден полицаец е повреден во Ваљево, досега се уапсени 18 лица, но бројот ќе се зголеми, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ на прес-конференција во врска со насилството на протестите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови изјави дека вечерва имало драстично кршење на јавниот ред и брутални напади врз полициските сили.

Полицијата интервенираше и го воспостави јавниот ред и мир во Ваљево, Белград и Нови Сад. Еден жандарм е повреден во Ваљево, рече Дачиќ. Досега се уапсени 18 лица, рече министерот, но истакна дека бројот ќе се зголеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: