Дајна Пауел не сака да биде амбасадорка на САД во ОН

Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп и актуелна директорка во банката „Голдман Сакс“, Дајна Пауел одбила да ја прифати должноста постојан претставник на САД во ОН, соопшти неименуван извор во Белата куќа.
По најавеното повлекување од функцијата на актуелната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли до крајот на годината, Трамп во вторникот соопшти дека на оваа должност планира да ја предложи Пауел.


Меѓутоа, според изворот од Белата куќа, Пауел му се заблагодарила на Трамп за укажаната доверба, но го инфомирала дека предпочита да остане на должноста во „Глодман Сакс“.
Пауел беше заменик советник за национална безбедност на Трамп во првата година од неговиот претседателски мандат. Пред доаѓањето на оваа функција таа беше вработена во „Голдман Сакс“, каде се врати и по напуштањето на Белата куќа. Пауел беше и висок функционер во Стејт департментот во време на поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.