среда, 18 ноември 2026
Најново

Дајте нѝ систем за одбрана од „Орешник“ – шефот на украинската дипломатија со барање до сојузниците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха побара од партнерите на Украина да обезбедат напредни системи за противвоздушна одбрана кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел, како што е рускиот систем „Орешник“. Тој ја обвини Русија за користење на ракети како „Орешник“ за уцена, истакнувајќи дека претседателот Путин се обидува да ги заплаши земјите кои ја поддржуваат Украина.Сибиха апелираше до сојузниците на Украина да ја зголемат воената помош и да ја засилат противвоздушната одбрана на неговата земја, особено со системи кои можат да ги пресретнат овие ракети.Руските сили на 21 ноември истрелаа ракета „Орешник“ врз Дњепар како одговор на наводната употреба на американски и британски ракети со долг дострел од страна на Украина врз цели на руска територија.

Поврзани вести