Да му се одземе мандатот на Груевски, заклучок на Комисијата

Со мнозинство гласови или пет гласа “за“ Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието констатира дека ќе поднесе извештај до Собранието со заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот, Никола Груевски. Собранието ќе треба да го разгледа барањето на првата наредна пленарна седница.
Против одземање на мандатот на Никола Груевски претходно се изјасни ВМРО-ДПМНЕ  и пратениците ја напуштија салата, откако образложија дека се работи за политички прогон. На седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието, не се појави ниту експремиерот, Никола Груевски. Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна за случајот “Тенк“. За одземање на мандатот понатаму ќе биде потребно двотретинско мнозинство.
На комисијата денес се појавија осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени и го повторија ставот дека нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.