Да не беа комбито „Фолксваген“ и „Дигитронот“, компанијата „Епл“ можеби никогаш немаше да постои. Имено, коосновачот на „Епл“, Стив Џобс, во своите рани 20-ти години, немал многу пари, но бил опседнат со фактот дека секој мора да има компјутер во својот дом.
Тој немал доволно пари за да ја реализира оваа идеја. Според тоа, го продал својот комби „Фолксваген“, додека другиот коосновач на „Епл“, Стив Вознијак, го продал својот програмабилен Дигитрон, собирајќи 1.300 долари за да изгради прототип на домашен компјутер. Првиот таков компјутер го направиле на 1 април 1976 година.
Жртвата се исплатеше – еден локален продавач на компјутери нарача 100 од нивните компјутери по вкупна цена од 50.000 долари. Овие компјутери првично ги купуваа исклучиво компјутерски ентузијасти.
Сепак, ова беше доволно за Apple да обезбеди доволно пари за производство на компјутери од втора генерација, и тоа за масовниот пазар. Тоа е првиот персонален компјутер со тастатура и графика во боја. Една година по почетокот на продажбата, Apple заработи речиси три милиони долари.
„На 23 години вредев милион долари, на 24 над 10 милиони долари, а на 25 над 100 милиони долари. Всушност, тоа не беше важно бидејќи никогаш не работев за пари“, рече Џобс во интервју за PBS во 1996 година.
Дури и тогаш, тоа беа одамна минатите денови кога основачите на Apple беа принудени да ги продадат своите работи за да ја одржат компанијата на површина, објавува бизнис порталот Fortune.
The post Да не беа комбито на Фолксваген и Дигитронот, можеби немаше да постои ни Apple appeared first on Во Центар.



