ДА ПОМОГНЕМЕ: Додека сите дечиња си играат, Горазд стои и не може да им се придружи бидејќи не ги гледа

Додека сите деца надвор си играат, трчаат и се бркаат, едно детенце само стои на страна, се држи за оградата и ги слуша другите деца како џагорат и се смеат.Сака и тој да им се придружи во играта, но не може бидејќи не гледа.
Ова детенце е Горазд Арсовски и има 12 години. Откако е роден па се до сега, помина низ безброј операции. Неговиот вид е 90% оштетен.


Горазд ги знае сите другарчиња во маало, ама никогаш ги нема видено, ги опипува по глава и ги препознава по глас. Неговото помало братче го води за рака кога ќе излезат и му вика “еве стој тука малку, држи се за оградава, да поиграм малку”. И така секој ден 12 години.
Сега конечно има шанса да си ги види другарчињата, да ги види мама и тато како изгледаат, да си го види братчето што го чува и конечно и тој да се растрча со децата.
Неговата мајка со молба до хуманите граѓани.

Потребни се 6.000 евра за операција во Русија. Но, проблемот е што сме ограничени со време, има само неколку дена до операцијата!
Ајде сите заедно да му помогнеме на Горазд конечно да си ги види родителите и другарчињата.
Имаме само неколку дена до 5-ти септември, да помогнеме!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.