четврток, 12 ноември 2026
Најново

Двајца осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираа, на 10 септември, во вечерните часови, во паркот “Жена-борец” во Скопје, осомничените на возраст од 44 и 46 години, со умисла тешко телесно повредиле едно лице.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите тој два дена подоцна починал во болница, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Поврзани вести