Двајца осомничени од “Дурмо турс“ во домашен притвор

Првоосомничениот, сопственикот на “Дурмо турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот, возачот на автобусот од затворски одат во домашен притвор. Одлуката е донесена пред два дена од судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд. На решението, вчера жалба поднесе скопското Обвинителство, до која дојде “1ТВ“.
Обвинителството на цели шест страници аргументира дека одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од Кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор.
Обвинитеството ги појаснува надлежностите за притворите на судот – судија на претходна постапка во првите 30 дена, кривичниот совет може да носи одлуки за мерки за уште 60 дена, повискиот суд, пак најмногу до 90 дена. Во жалбата е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки. Оваа праска за Обвинителството е апсурдна ситуација.
– Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим “судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, наведува Основното јавно обвинителство Скопје во жалбата испратена до судот.
Судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има Кривичен совет на скопска “единица“, до каде ОЈО се жали, велат од Кривичниот суд.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.