Двајца скопјани каснати од кучиња

Пешак и велосипедист во центарот на Скопје беа нападнати од кучиња скитници во вторникот околу пладне. А.П.(60) од Скопје, пријавил дека додека возел велосипед на Кеј „13 Ноември“ околу 11:30 часот бил каснат од куче-скитник за десната нога. Р.З.(55), исто така од Скопје околу 12:45 часот бил каснат од куче-скитник во пределот на десната надколеница на плоштадот Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.