Два бамбуси се симбол на љубов и среќен брак, три се чуваат за среќа, пет за здравје, а осум се најважни- еве зошто

Бамбусот е мошне интересно растение кое често се одгледува како градинарско. Во делови на источна Азија постојат шуму од бамбусови дрва каде стеблата на бамбусот се користат за изградба на куќи, мостови, мебел,водоотпорни цевки и за произвотство на хартија и лулиња за пушење.
Пупките на бамбусот се користат и во прехраната, но симболиката на бамбусот не поттикнува на длабоки и практични животни лекции, Бамбусот во Кина е симбол на долговечноста, а во Индија на пријателството.
Бамбусот е симбол на среќата и еден од симболите на Нова година во Јапонија. Сликата на бамбус покриен со снег претставува способност да се кренеме по преживеаната неволја. Зимно време снегот го свиткува бамбусот се додека не стане тежок, а потоа почнува да паѓа од него и бамбусот повторно се исправа и со тоа ќе го истресе од себе сиот снег. Бамбусот издржал тежок товар на снегот, но на крајот имал сила да се исправи.


Не треба да бидете совршени…треба да бидете само отпорни и флексибилни. Тоа е најголемата лекција од бамбусот!
Кога во Јапонија подаруваат бамбус тој е симбол на предаденост и искреност. Во куќата бамбусот е симбол на долговечност и добро здравје.
Според јапонското фенг шуи, бамбусот е најдоброто растение кое може да го одгледувате во домот. Се верува дека тој е растение за среќа, а меѓу останатото и затоа што во себе ги содржи сите пет елементи: дрво, земја, вода, оган и метал.
Два бамбуса се силмбол за љубов и среќен брак, три се чуваат за среќа, пет за здравје, а осум за богатство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.