Два дена по роденденот на Тара, Ана објави тажна вест

Само два дена откако пејачката Ана Николиќ го прослави роденденот на својата ќерка Тара, поради смртен случај во семејството морала да ги откаже своите настапи.
Починала бабата на пејачката, која всушност ѝ била најголемата поддршка во кариерата и во љубовта. „Мојата душа отиде вечерва. И како да чекаше да заврши сè, да го прославиме роденденот и крштевката на Тара, а потоа да ги затвори очите! Сега е на подобро место. Ти знаеш дека во моето срце си моја душа засекогаш. Те сакам бабо“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил и сподели нивна заедничка фотографија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.