Двегодишно дете заврши на лента за багаж на аеродром во Атланта (ВИДЕО)

Двегодишно дете од американската држава Атланта се качило на аеродромската лента за багаж, по што завршило во болница. Детето избегало од својата мајка и се качило на подвижната лента на аеродромот Хартсфилд- Џексон. Мајката Едит Вега вели дека само за момент го оставила детето, за да пополни формулар за багажот, а кога се свртела детето веќе било исчезнато.
Двегодишниот патник се качил на лентата по која се возел меѓу торбите и куферите, по што завршил во просторијата каде што се врши проверка на багажот. Таму еден од вработените го забележал детето и ја запрел лентата. Мајката рекла дека сакала да се фрли по детето , но не и дозволиле. Со повреди на десната рака детето завршило во болница.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: