Две кривични по итна постапка за Емил Јакимовски и осум дена притвор

Две кривични по итна постапка за Емил Јакимовски. Судот му одреди и осум дневен притвор на Емил Јакимовски поради тоа што постоела опасност од бегство.
„На ден 18.01.2020 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, се поднесени две кривични пријави, во брза постапка, против лицето Е.Ј.
Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 2  од КЗ и “Неизвршување на судска одлука” по чл. 377 став 5 од КЗ.
Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 4 од КЗ“, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.