Притвор за две лица кои се осомничени дека преземале активности поврзани со запленетите пет тони марихуана во Србија, соопштија од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). По заплената кај нашиот северен сосед беше спроведена акција, најпрво во скопската „Алфафарм“ од каде беа одземени над девет тони, бидејќи нејзиниот ко-сопственик Иван Драгниќ беше уапсен во Србија, а потоа уште над 30 тони од две фирми во струмичкиот регион. На двете лица кои претходно биле сослушани во својство на осомничени, Кривичниот суд им определил краткотраен притвор од 48 саати.
„Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите пет тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување на краткотраен притвор. Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка“, соопштија од ОЈО ГОКК.
Премиерот Христијан Мицкоски повика на трпеливост, бидејќи досега тоа што требало да го споделат со јавноста го кажале. Вината повторно ја лоцираше кај претходната влада, која според него, својата економска политика ја темелела на производство на дрога.
„Но, да почекаме и ќе споделиме многу брзо со јавноста како е, што е, кој е ,каде е и итн, бидејќи се отвараат нови апекти, нови перспективи се зголемува бројот на лица кои што се замешани. Се отвараат нови позиции, нови агли на кои што се набљудува целата оваа истрага, така што да бидеме трпеливи. МВР покажа дека е прилично транспарентно, така што верувајте дека ќе ве информираме“, рече Мицкоски.
Опозицијата, пак, повтори дека скандалот води до врвот на власта.
„И после 18 дена нема одговор на најголемиот нарко-скандал во Македонија и во целиот регион, како пет тони дрога помина преку македонската граница? – Над 65.000 камери, скенери, гранични контроли, полиција, царина, а никој ништо не знае 18 дена. Како може да нема одговорност од никој за шверц на огромна количина дрога, вредна околу 40 милиони евра? – Може, само ако скандалот води до врвот на власта која што се обидува да го заташка и тоа веќе на сите им е јасно“, реагираат од СДСМ.
Она што досега е познато е дека марихуаната незаконски се чувала и третирала. Запленетите тони кои се чуваат


