На 20.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.05.2026 околу 02:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер Б.И.(29) од Скопје.
На 21.05.2026 во 12:10 часот во ОВР Прилеп, прилепчанка пријавила дека во нејзиниот семеен дом била физички нападната од нејзиното момче АМ.од Прилеп.
На 21.05.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода К.Б.(36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово физички ја нападнал неговата мајка 62-годишна мајка, а оштетил и дел од покуќнината. При преземање мерки врз К.Б. е извршено алкотестирање, при што биле измерени 1,49 промили алкохол во крвта.
На 22.05.2026 во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ја приведоа Б.П.(20) од Велес затоа што агресивно се однесувала во дворот од семејниот дом.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



