Две лица приведени за пожарот кај Рампа

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени две лица кои се сомничат дека го предизвикале пожарот што вчера избувна во напуштен објект кај Рампа каде беше повреден еден пожарникар и оштетени две противпожарни возила.
                Според МВР, приведени се 34-годишниот С.А. и 39-годишниот И.Х.
– На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.
Полицијата информира и за уште еден случај во кој е приведен 61-годишен велешанец за предивикување пожар во селото Долно Оризари. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес.
– При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска МВР.
The post Две лица приведени за пожарот кај Рампа appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: