Две одделни пријави поврзани со малолетнички и сомнително недолично однесување се евидентирани во ОВР Прилеп во текот на вчерашниот ден.
Во првиот случај, 32-годишна прилепчанка пријавила дека нејзината малолетна ќерка ѝ кажала оти во нивниот дом била допирана по телото од 39-годишен прилепчанец, пријател на очувот на малолетничката. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во вториот случај, маж од село во Општина Долнени пријавил дека неговата малолетна ќерка била полово вознемирувана преку социјалните мрежи од жител на селото. И, во овој случај полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
Надлежните институции постапуваат по двете пријави, информираат од СВР Битола.



