петок, 27 ноември 2026
Најново

Двомесечно бебе починало и било пренесено во болница во Струга.

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што изјави Бунчески за МИА, причините за смртта треба да ги покаже обдукцијата.
Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ Општа болница во Струга, од страна на родителите од струшко село, било донесено нивното двомесечно бебе, без знаци на живот.
„Од страна на медицинска екипа, било пристапено кон реанимирање по што, доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото, лекар од судска медицина извршил обдукција при што, не се констатирани траги на насилство. Полициски службеници од ОВР Струга, извршија разговори со родителите, а потоа и увид во нивниот дом“, изјави Димоски.

Поврзани вести