четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДВОЈНО УБИСТВО ПА САМОУБИСТВО ВО ВЕЛЕС: Жртвата неколку пати го пријавувала насилникот, никој не реагирал?!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двојно убиство па самоубиство се случило попладнево во Велес, неофицијално дознава Инфомакс.

Според информациите од терен, две лица се убиени од страна на невенчан сопруг на една од жртвите, по што и самиот се самоубил.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според досега непотврдени информации жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.

Дополнително, жртвата била претходно претепана во нејзиниот дом заедно со нејзиниот дечко, од страна на поранешниот невенчан сопруг. Според извори од Велес, жртвата при пријавување на случаите им нагласила на полицајците во Велес дека не прават ништо и дека насилникот може да ја убие.

Од СВР Велес најавија информации за настанот во текот на денешниот ден.

Поврзани вести