Девизните резерви на крајот од април оваа година достигнаа 5.207 милиони евра, односно околу 5,2 милијарди евра.
Според податоците на Народната банка, најголемиот дел од девизните резерви е инвестиран во хартии од вредност (70,8%), потоа следува монетарното злато (16,8%) и валута и депозити (12,3%).
Во меѓувреме, на крајот од декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесувале 4.925,3 милиони евра, односно околу 4,9 милијарди евра.



