Девојка од Свети Николе загина во сообраќајка во Штип

Двесет и едногодишна девојка од Свети Николе рано утрово загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според информациите од портарпоролот на СВР Штип Гордана Панајотова несреќата се случила во 5 часот и 15 минути, а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.
Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба.
Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и полиција за да се утврди причината за несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.