Девојка откри како изгубила 22 килограми без да влезе во теретана

Анџела Боујер (22) започнала да се дебелее поради лошата диета и вели дека веројатно не јадела ништо зелено цели две години.
Но, пред три години, таа одлучила да го промени својот животен стил и да се фокусира на фитнес. За жал, била премногу исплашена за да оди во теретана, открила за news.com.au.
И покрај тоа, таа успеала да ја намали тежината само со вежбање на отворено и дома, а се фокусирала главно на вежби за слабеење и тренинг со висок интензитет (HIIT). „Почнав полека со еден тренинг неделно и полека го надградував на почести тренинзи, за да достигнам најмалку пет пати неделно“, објасни таа.
Таа вели дека читала списанија и пребарувала на интернет како да вежба без теретана и само ги следела советите.


Денес ја следат повеќе од 100.000 луѓе на Инстаграм, каде ја покажува својата импресивна нова фигура и споделува совети за вежбање. Таа веќе не се плаши од теретана и ја вклопила во својата рутина.
Иако е насочена кон здрава исхрана со многу протеини како пилешко, говедско и путер од кикирики, сепак успева да изеде и храна како сладолед или хамбургери. „Не треба одеднаш да престанете да јадете сè “, предлага таа. „Полека, чекор по чекор.


За сите оние кои се заинтересирани за обновување на сопствената диета, таа им препорачува да почнат да бараат здрави алтернативи за нивната омилена храна и полека да ги вметнуваат во нивниот план за исхрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.