Девојка тврди дека е бремена од Аца Лукас

Откако во медиумите се појавија информации дека фолк пејачот Аца Лукас наводно и направил дете на извесната Т.Б, таа се огласи за српските медиуми.
-Беше многу внимателен кон мене, тоа беше прв пат да седам со неговото друштво, инаку само на само се гледавме. Потоа спиевме прв пат без заштита и ете, се случи тоа што се случи. За жал од него останав трудна, му се јавив и му кажав дека сум трудна, а тој ме праша колку пари ми требаат за да абортирам, вели девојката која не сака да биде јавно експонирана.
Но сепак пејачот има и своја верзија на случката.


-Ниту сум спиел со некоја, ниту сум и направил дете, ниту сум се заканувал на некого, ниту сум нудел пари за абортус, тврди пејачот.
Тој додава и дека следен пат кога извесната девојка спие со некого да направи фотографии, бидејќи очигледно некој се пошегувал со неа дека тоа е пејачот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.