Девојче од Косово е меѓу повредените во пукањето во училиште во Финска

Министерството за надворешни работи на приштинските привремени установи соопшти дека меѓу повредените деца во престрелката во училиште во Финска утринава има и девојче со албанско потекло од Косово.

„Во врска со трагичниот настан што се случи денеска во градот Вантаа, Финска, во училиштето „Виертола“, каде едно лице загина, а уште две се повредени, Министерството за надворешни работи и дијаспора преку Амбасадата на Република Косово во Стокхолм успеа да го потврди тоа меѓу повредените и Албанка од Косово“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.
Се додава дека приштинските власти се во постојан контакт со финските власти и со семејството на повреденото девојче.

Во престрелката, која се случила во училиштето „Виертола“ во градот Вантаа, еден ученик е убиен, а двајца се тешко ранети.
Напаѓачот, 12-годишно момче, бил фатен во Силтамаки, предградие на Хелсинки и не дал отпор при апсењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: