Девојче со Даунов синдром двапати го победи ракот

Здравите луѓе своето здравје го земаат здраво за готово. Многу луѓе се борат со разни проблеми уште од раѓање. Грејс Росијан е една од нив.
Нејзините здравствени проблеми започнале веднаш штом се родила. Мајка и ја родила два месеца пред терминот за пораѓање.
Родителите на Грејс знаеле дека Грејс ќе има Даунов синдром, но лекарите откриле уште еден проблем. Таа исто така имала една форма на леукемија.
Лекарите предложиле веднаш да се започне со хемотерапија. На вториот ден од нејзиниот живот, Грејс започна со хемотерапија.
Првите два месеци ги поминала во болницата за интензивна нега. Нејзините родители едвај можеле да ја подржат, бидејќи била или на лекување или во инкубатор.
Но, таа одлично реагирала на лечењето.

На крајот била пуштена од болницата. Нејзините родители се надевале дека повеќе нема да мора да поминува низ такви третмани, но тие не биле во право.
Кога Грејс имала само 10 месеци, таа морала да оди во болница на тестирање. Лекарите повторно морале да ги известат родителите за лошата вест.
Грејс имала уште посериозен вид леукемија што ја напаѓа нејзината коскена срж. Таа морала повторно да остане во болницата, а третманот бил уште поинтензивен.
Нејзиниот втор болнички престој траел осум месеци. Нејзините родители морале да ја гледаат како се мачи. Тие постојано се молеле за неа. Лекарите морале да и направат 10 операции на ‘рбетниот столб и да инектираат хемотерапија во’ рбетниот мозок.
Но, Грејс била храбра и издржа сè. Сите во болницата многу ја засакаа. Што и да се случи, таа секогаш се смеела. Додека била во болницата, таа добила третман за друг проблем.
Нејзиниот слух бил исклучително лош уште од раѓањето и можела да слуша само со помош на уред. Штом докторите го ставиле, се чувствувала како да се отвора за неа нов свет.
Почнала да се тресе, била шокирана од звуците што можела да ги слушне за прв пат. Но, набрзо засакала да слуша, особено гласовите на нејзините родители. Наскоро, таа го победила ракот по втор пат. После 8 месеци во болницата, таа била здрава и подготвена да си оди дома.
Целиот персонал ја пречекал во ходникот и ја испратил со аплауз. Многумина и заплакаа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.