Дедо од Скопје си го нападнал внукот со нож

Вчеравечер во Скопје бил уапсен 65-годишен човек кој попладнето го нападнал со нож сопствениот малолетен внук, информира МВР.

„На 03.01.2026 во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички го нападнал неговиот малолетен внук, при што употребил и остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: