Демократските членови на американскиот Конгрес го повикаа Бајден да ги запре пратките со оружје во Израел

– Членовите на Демократската партија во американскиот Конгрес, вклучувајќи ја и поранешната претседателка на Претставничкиот дом ан Конгресот, Ненси Пелоси, упатија повик до Белата куќа да ја запре испораката на оружје на владата во Тел Авив поради израелските напади на конвојот со помош и хуманитарната криза во Газа.Американските медиуми објавија дека 37 демократски членови на Конгресот издале отворено писмо упатено до претседателот Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен, повикувајќи на прекин на испораката на оружје за Израел.„Веруваме дека одобрувањето на овие трансфери на оружје на Израел не е оправдано по неодамнешниот напад врз хуманитарните работници и влошувањето на хуманитарната криза“, се вели во писмото кое освен Пелоси го потпишаа и Барбара Ли, Рашида Тлаиб и Александија Окасио Кортез.Повикот на демократите до Белата куќа следеше по нападот на израелската војска во кој се убиени 7 хуманитарни работници на Светската централна кујна (СЦК).Светската централна кујна (СЦК). потврди дека седум членови на нејзиниот тим се убиени во израелски напад на Газа. Седумтемина убиени хуманитарци се од Австралија, Палестина, Полска, Велика Британија и двоен државјанин на САД и Канада.„Хуманитарните работници патувале во зоната без судири во два блиндирани возила со логотипот СЦК“, се вели во соопштението.Бројката на убиени во израелските напади ан Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 33.137, а бројката на повредени изнесува 75.815, објави Министерството за здравство во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи: