Демократски сојуз: Вчерашниот протест е опасно сценарио на ДУИ за дестабилизација

Вчерашниот протест за полагање на правосудниот испит на албански јазик според демократскиот сојуз претставува опасно сценарио на ДУИ за дестабилизација на државата.
– Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија, велат од партијата.
Велат дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но дека истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.
– Недозволиво е правосудството да стане поле за политички и етнички конфронтации или за создавање паралелни системи кои би ја нарушиле правната сигурност и единството на институциите. Ја повикуваме Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог и стручна дебата да изнајде европско и одржливо решение, велат од оваа партија.
The post Демократски сојуз: Вчерашниот протест е опасно сценарио на ДУИ за дестабилизација appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: