Денеска во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

  Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште речедека поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, не постапувале во интерес на јавната установа и на пациентите, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании, и со своите дејствија ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес.Обвинетите не ги прикажувале реалните медицински потреби и не ја следеле процедурата за јавни набавки под изговор дека постапувале во интерес на пациентите на кој начин ги извршувале кривичните дела.
Обвинетите Васев и Нухи на минатото рочиште негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети токму од Васев.

Пронајдете не на следниве мрежи: