Денеска во салонот на Националната опера и балет ќе биде изведен балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“

На 02.06.2021 со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе биде изведен
балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“.
Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил (Данска)
инспирирани од Франција и Шпанија. „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на
неговата младост и едукативен престој во Франција и „La Ventana (Прозорецот)“ кој ја отсликува неговата
страст за Шпанија. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска).
Музика од Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед, сценографијата е на Зоран Николовски,
костимите ги изработи Марија Пупучевска, а асистент на продуцентите е Саша Евтимова.
Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана
од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.
Билетите се во строго ограничен број!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.