Граѓанските активисти и еколошките организации денеска на нов протестен марш за чист воздух. Од пред кругот на фабриката „Титан Усје“ овојпат протестот се сели пред државните институции.
Според нив, загадувањето во Скопје прераснува во сериозна здравствена закана, а институциите предолго молчат. Тие уште еднаш бараат контрола на се , особено пред добивањето -продолжување на новата дозвола за работа
Воведување на 24 часовна контрола за УСЈЕ, мониторниг на сите 12, а не само на 10 оџаци на компанијата, како и европски закони при издавање на А интегрирана еколошка дозвола. Иницијативата Стоп за УСЈЕ – во пресрет на денешниот протестен марш со нови барања до институциите за построги мерки и контроли за Цементарницата.
Од Министерството за животна средина на брифинг со новинарите – информираа дека од УСЈЕ, но и од другите индустриски капацитети ќе се бара построги стандарди за добивање на А интегрирана еколошка дозвола согласно европскиот закон.
Мнистерство за животна средина
– Од септември 2027 стапува на сила веќе усвоениот европски Закон за контрола на емисиите, кој ќе воведе построги стандарди за индустријата, јакнење на надзорните капацитети за контрола на Министерството. УСЈЕ треба да ја обнови еколошката дозвола во март годинава. За да ја добие А интегрирана дозвола – компанијата ќе мора во производствениот процес да воведе еколошки норми согласно европскиот закон.
Од Компанијата УСЈЕ реагираа дека повеќе од еден месец биле цел на неосновани напади иако не биле причина за загадувањето.Нападите биле целосно неаргументирани и тенденциозни посочија од компанијата. Главниот нивен аргумент е дека имало постојано загадување.
– Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар, соопштија од Титан Усје
Протестниот марш од пред кругот на УСЈЕденска се сели пред институциите. Ќе се бара одговорност од Министерството за животна средина, собранието и владата за како што велат организаторите – екстремно загаденио воздух за кој надлежните само констатираат и не преземаат конкретни мерки и чекори.
Усје се брани, граѓаните се гушат а институциите се фемкаат во улога на судии.
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот СТОП за цементара УСЈЕ


