четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска е летен Свети Никола

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.
Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар.
Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола.
Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи.
Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на денешниот празник, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.

Поврзани вести