Денеска е најтежок празник: Најбрзо направете го ова за да се заштитите од несреќа

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Прв ден).
Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта црквата.

Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.
На празникот на Симнувањето на Светиот Духна апостолите, подот во храмовите се покрива со трева, покрај ѕидовите се ставаат гранки од липа или друго дрво, а иконите се китат со цвеќе.
На Духови во храмовите народот плете венчиња од трева кои после ги носи дома и ги остава крај иконите или кандилата. Многумина носат венчиња во торбите и ташните бидејќи се верува дека Бог ќе ги заштити од разни несреќи кои можат да ги снајдат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.