Денеска е Неракотворен образ на Исус Христос

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 август.
Денеска е Неракотворен образ на Исус Христос.
На почетокот од оваа наша ера, кога Христос проповедаше во Палестина, во градот Едеса на Еуфрат владееше еден кнез по име Авгар. Авгар беше болен од некоја неизлечива болест, па штом слушна за чудниот Палестинец, т.е. дека ги лекува луѓето од секакви болести, испрати писмо до него по еден свој слуга, со молба до Христа да дојде и да го исцели. Ананиј, т.е. слугата, кој владееше со сликарската вештина, имаше и задача да го нацрта Христовиот лик и да му го донесе на кнезот.

Писмото стигна до Христа, но Ананиј никако не успеваше да го нацрта ликот. А Христос, знаејќи го порачаното, додека се наоѓаше меѓу народот, го изми лицето со вода и го избриша со крпа на која потоа остана обрисот од неговиот лик. Овој неракотворен лик Ананиј го однесе кај Авгара, а овој го целива и веднаш се исцели. Авгар потоа го постави убрусот (крпата) со неракотворениот лик над влезната порта од градот, за да ја изразува пред сите верата на кнезот во божественоста на Исуса Христа. А во десеттиот век императорот Константин Багренороден го пренесоа убрусот со неракотворениот лик во Цариград и го поставија во црквата Света Софија.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е мачеништво на Иван Крстител.
Тој бил покорник и борец за Божја вистина. Кога кралот Херод му ја земал жената на својот брат Филип, Иван му рекол: Според Божјите закони тоа не е дозволено. Поради тоа, кралот Херод го затворил. Неговата незаконита жена побарала да му биде отсечена главата на свети Иван. На Херодовиот роденден, на Иван во затворот му била отсечена главата. Иван Крстител останал пример за мерило на правдата, пат кон покорот и верата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.