Денеска е Полагање на ризата на Богородица во Влахерна

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јули.
Денеска е Полагање на ризата на Богородица во Влахерна.
Црквата денес се сеќава на двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, кои живееја во петтиот век, во времето на императорот Лав Велики. Во една прилика тие тргнаа на поклоничко патување по Палестина. Во градот Назарет ја најдоа горната облека на Пресвета Богородица, што ја чуваше некоја правоверна Еврејка. Многумина се исцелуваа само со допир до облеката. Галвиј и Кандид ја зедоа ризата на Богородица и ја донесоа во Цариград, каде истата со голема свеченост беше положена во Влахернската црква.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Бонавентура.
Бил роден во 1218 година, во Багнореxо, во Италија. На 17-годишна возраст станал член на заедницата на свети Фрањо Асишки. Студирал во Париз заедно со свети Тома Аквински. Кога завршил филозофски и теолошки науки, во 1245 година станал свештеник. Потоа докторирал и на 27-годишна возраст станал еден од најпознатите професори во париското сеучилиште. Шеснаесет години бил генерал на својата фрањевачка заедница. Свети Бонавентура умрел во 1274 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.