Денеска е Св. великомаченик Евпал

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 август.
Денеска е Св. великомаченик Евпал.
Евпал живееше на островот Сицилија, во местото Катана, на преодот од третиот во четвртиот век и беше ѓакон на црквата во Катана. Околу 304 година императорот Диоклецијан го испрати тука управникот Пентагур. По силата на римските едикти од кои неколку издаде самиот Диоклецијан на овој му беше должност да ги гони христијаните. Но, во тоа време на островот имаше малку христијани, а и тие се криеа од властите по пустите места. Свети Евпал, пак, беше поткажан од некого дека е христијанин, па така заврши в затвор.

Пентагур го држеше во затворот седум дена, изгладнувајќи го, а потоа го изведе на мачење и на суд. А откако судијата ја увиде бесмисленоста на маките, бидејќи Евпал никако не се откажуваше од Христа, нареди да го погубат. Неговите мошти се сочуваа до денес и се наоѓаат во едно село во близината на Неапол.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Бартол.
Бил роден во Кана Галилејска. Апостолот Филип го довел кај Исус. Свети Бартол го проповедувал Евангелието т.е. христијанската вера во Индија и бил измачуван поради верата во Христос. Неверниците му ја отсекле главата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.