Денеска е Св. великомаченичка Ирина

Пенелопа, така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Родителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле.
Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа.
Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.