Денеска е Св. Григориј Богослов, според календар на МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јануари.
Денеска е Св. Григориј Богослов. Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес. Последниов се роди во 330 година во Аријанз. Ги помина сите степени на тогашната наука, завршувајќи го образованието во Атина заедно со свети Василиј Велики. Григориј бил поетичен, чувствителен дух, но состојбите во Црквата во четвртиот век долго не му оставале можност да се повлече во ненарушено богомислие. Тоа му пошло од рака кон крајот на животот. Се повлекол во родниот Аријанз и тука го предал духот на Бога околу 390 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Блажен Нивард.
Бил најмлад од петмината браќа на славниот средновековен светец св. Барнард. Кога неговите браќа во 1112 година одлучиле да стапат во редот на цистерците, Нирвард имал десет години. Нивард разговарал со својот најстар брат Гуидо, а тоа непрекинато се повторувало во хагиографската книжевност. Кога браќата ја напуштале родителската куќа, Гуидо го набљудувал Нивард како игра со другите деца, го поздравил и му рекол: „Целиот наш имот ќе ти остане тебе”. Нивард му одговорил: „Тоа не е праведна поделба”. Кога пораснал, Нивард им се придружил на своите браќа и живеел свет монашки живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.