Денеска е Св. Лука, соработникот на апостол Павле ги наслика првите икони на Богородица

Денеска е Св. апостол и евангелист Лука
Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност.
Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија.


По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво.
Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.