четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска е Св. Стефан, вечно име Стефанија, Стефан, Стојан, Фанка…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан.
Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…
Овој Стефан беше Евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик.
Пострада од Евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.
Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

Поврзани вести