Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Јеротеј

Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку по Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Кој му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.

Пронајдете не на следниве мрежи: