сабота, 28 ноември 2026
Најново

Денеска снег, утре постудено

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен дo засилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег. Се очекува да се формира снежна покривка.
Дневните температури ќе бидат во Скопје, Маврово и Крива Паланка 4 Целзиусови степени, Охрид 6. Прилеп 5,Кавадарци 9, Берово 3, Гевгелија 10 степени.


Утре времето ќе биде облачно и постудено, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, наместа ќе има и појава на голомразица, дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од север.
Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово и Крива Паланка, 2 во Маврово, 4 во Скопје и Охрид до 5 степени во Кавадарци и 6 во Дојран.

Поврзани вести