четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска сончево и топло, викендов се расипува времето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува.
Дневните температури ќе достигнат до: во Скопје 35 Целзиусови степени, Маврво 29, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 38.
Времето и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови претежно во планинските подрачја ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневните температури ќе се движат од 28 до 38 степени.

Поврзани вести