четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска сончево и топло, за време на викендот разочарување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и на повисоко ќе засилува. Во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу 13 и 21, а дневната ќе достигне од 26 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.


Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести